
Американските гласачи ќе гласаат во вторник во 15 сојузни држави на прелиминарните избори за номинација на партиите за претседателските избори во ноември, каде се очекува дуел меѓу претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп .
На таканаречениот „супервторник“, кандидатите може да го добијат одлучувачкиот ветер в грбот за освојувањето на партиската номинацијата, додека надежите на ривалите може целосно да потонат.
На републиканска страна, во прашање е повеќе од една третина од вкупниот број делегати кои формално одредуваат кој ќе ја добие партиската номинација. Освен за неделните прелиминарни избори во Вашингтон, каде што победи Ники Хејли, поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи во сите сојузни држави кои досега веќе гласаа на прелиминарни избори. „Супервторникот“ ќе биде последната шанса за Хејли, единствената ривалка на Трамп што сѐ уште е во трка.
Кога станува збор за демократите, пак, неизвесноста е уште помала бидејќи претседателот Џо Бајден несомнено треба да биде номиниран од неговата партија.
Десетици милиони Американци се поввикани да гласаат на гласачките места, од Мејн на крајниот североисток на САД преку Тексас на југот до Калифорнија на западниот брег. Ќе гласаат и во сојузните држави Алабама, Арканзас, Колорадо, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тенеси, Јута, Вермонт и Вирџинија.
Некогаш, успехот на „супервторникот“ бараше неуморна работа на теренот, капацитет за собирање пари и значителна динамика. Овој ден беше можност кандидатите да покажат дали имаат капацитет да мобилизираат гласачи од различни профили и географско потекло.
Џо Бајден нема сериозен предизвикувач за партиската номинација, што е типично за претседател кој бара втор мандат. Она што е невообичаено, сепак, е тоа што Доналд Трамп, како поранешен претседател кој сака да се врати во Белата куќа, досега ја победи републиканската конкуренција.
Во вторник, 874 делегати од вкупно 2.429 коиѓте ќе го одредат кандидатот на Републиканската партија за претседателските избори на на конвенцијата во јули. Тимот на Трамп очекува да освои 773 делегати и дека две седмици потоа ќе биде и математички непобедлив.
Единствената што му застанува на патот е поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, која тврди дека 40 отсто од гласовите, колку што гдобила во Њу Хемпшир и нејзината родна држава, покажуваат дека партијата сѐ уште е поделена околу нејзината номинација. Таа смета дека би мможела да има многу поголеми шанси да го победи Бајден во ноември отколку Трамп, бидејќи никој не сака дуел меѓу 70-годишник и 80-годишник.
Поранешната американска амбасадорка во ОН, именувана токму во периодот на администрацијата на Трамп, претходно изјави дека ќе остане во трката барем до „супервторникот“. Според експертите, ако таа останала досега, тоа е најмногу поради надежта дека Доналд Трамп би можел да биде спречен да учествува на изборите поради неговите проблеми со судството или потенцијалните здравствени проблеми.