
Преку полиграфска проверка на цариниците и граничните полицајци да се стави крај на корупцијата на граничните премини.
Вакви законски измени предлага националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров.
Стратегијата предвидува редовно полиграфско тестирање и отпуштање од работа на секој цариник и граничар кој нема да го помине тестот, како и истражна постапка против него од страна на ЈО. За да се избегне било какво влиајание врз полиграфистите, се предлага и формирање на нова институција која ќе биде под контрола на Собранието, а на полиграфска проверка да подлежат и самите лицата кои ќе ги прават тестирања. Корупцијата на граничните премини, како што потенцираше Пивоваров, е закана не само за екомонијата туку и за националната безбедност.
„Доколку на границата има еден корумпиран цариник или полицаец и доколку таквите лица за одредена сума пропуштат шлепер со оружје, дрога, автобус со терористи, тоа претставува закана по националната бебедност на државата и земјите од опкружувањето“, истакна Пивоваров.
Кометирајќи ја истрагата за акција на Табановце од пред една година, која се води против 12 гранични службеници за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, а за која се уште нема правна завршница, Пивоваров истакна дека долгите истраги негативно влијаат врз борбата против корупцијата.
Предлог стретегијата за спречување на граничната корупција е веќе прифатена од Владата и поздравена од под-комитетот во Брисел, а подготвеноста на државата и инстутициите за нејзино спроведување ќе се оценува преку низа јавни дебати кои ќе стартуваат од идната недела.