
„На лагата и се кратки нозете“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во статусот на Фејсбук, по повод протестите „Не за бетонизација на Ѓорче Петров“.
„Граѓански активист“ е снимен како го носи паравнот „Не за бетонизација на Ѓорче Петров“ во штаб на СДСМ.
„Обично, лично не реагирам на неосновани напади кои имаат една цел – ефтини политички поени, но овојпат мора да искоментирам“, вели Стојкоски и додава:.
„Ова е она кога имаш проблем со идентитетот. Или, пократко кажано: дал сум советник, дал сум граѓански активист.
Непартиски.😁
Ама едно е сигурно: ако има уште некој на кој не му е јасно, еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и урбано.
И уште посигурно, срамно е да глумите „граѓански активисти“ кои повикуваат на протест, а “граѓаните” всушност се партиски активисти на СДСМ.
Да не беше смешно, ќе беше трагично.
Ама сигурно е трагикомично.
ПС: Ова пултов малку ви се распаѓа, како и вашите обиди Ѓорче да го направите пустелија“.