
Денеска на целата територија на земјата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се во интервалот меѓу минус 3 и 5, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат од 5 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Темепратурата ќе се искачи до 14-от степен.