Во Карпош почнува зонското паркирање, еден час ќе чини 25 денари

Во текот на месец март ќе почне наплата за зонско паркирање во скопската општина Карпош. Најпрво на улицата Орце Николов и на споредните улички во населбата Карпош 1, што се граничи со општина Центар.

ЈП „Градски паркинг“ веќе ги обележа паркинг местата и поставени се табли за наплата. Паркирањето ќе чини 25 денари од час.

Паркирањето за граѓаните кои живеат на Орце Николов и околните улички ќе биде бесплатно за две возила.

Од Општина Карпош велат дека со воведување на зонското паркирање ќе се воведе ред во хаосот со паркирање.