
На 10.03.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на булевар „Првомајска“ во Валандово, патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, удрило во бетонски остров на булеварот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ј.(54) од село Пирава, валандовско, констатирани во Медицински центар Гевгелија, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.