
Во вторникот во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринските температури се движат од 1 до 8, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни. Температурата ќе достигне до 15 степени.