
Со осветување на темелот почна изградбата на новата камбанарија на црквата Св. 40 Маченици кај Смилковското езеро.
„Осветувањето на темелот го изврши Архепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан.
Оваа Црква и камбанарија се гради во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток.
‼️Божјиот храм и камбанаријата на ова место ќе бидат вечен паметник за трагедијата која се случи на ова место и никогаш нема да дозволи да се заборави сторениот злочин“.