
Стејт Департментот на САД денес ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош и кандидат за престедател, како и Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка.
Јакимовски во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош бил вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници, стои во соопштението на Стејт департментот.
Покрај Јакимовски, Стејт департментот на црната листа ги стави и членовите на неговото потесно семејство – двата полнолетни синови Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругата.