
Новата седмица во Македонија ќе започне со сончево врме и мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Утринските температури се движат меѓу 0 и 7, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 11 до 21 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Темпертарата ќе достигне до 19 степени.