Новиот состав на ДКСК отвора предмети за набавките на хеликоптери и амбулантни возила

Дали постои нешто сомнително во набавките на амбулантните возила од Министерството за здравство и хеликоптерите кои ќе ги користи македонската Армија?

Одговор на овие прашања треба да даде Антикорупциската комисија, која отворила постапка по однос на овие два предмети.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска во телефонски разговор за Канал 5 додаде дека ќе се истражува и изнајмувањето на луксузните возила за потребите на Владата.

Набавката на 8 хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ ќе чини 230 милиони евра, а првиот хеликоптер ќе пристигне во втората половина на 2026 година, додека пак целата испорака ќе биде извршена заклучно со 2028 година. Сонежи за постапката и слуклучувањето на договор во предизборен период имаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но министерката за одбрана, Славјанка Петровска тврди дека се е согласно законот.

Вториот предмет кој ќе се најде под „лупата“ на антикорупционерите е тендерот на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила, кои чинат многу повеќе од медицинските возила, со слични перформанси, кои пак во февруари ги донираше Европската унија.

Освен овие два, пред Антикорупциска се најдоа и 13 други предмети, кои биле поврзани со изборите, незаконски вработувања, вонредни исплати на додатоци на плата, предвреме почната кампања, и ангажирање лица за договор на дело.