Договор за соработка меѓу ВМРО ДПМНЕ и Македонски концепт

ВМРО ДПМНЕ и Македонски концепт постигнаа договор за соработка по најважните национални прашања, базиран на принципите и определбите за политичко обединување на опозицијата и сите прогресивни сили кои работат за пораз на оваа власт која ја одзема државата од народот и кои работат на обнова, економско зајакнување, стабилизирање и брза интеграција на Македонија во Европската унија.

Соработката е поттикната од определбата да се издигне Македонија од состојбата на постојано деградирање, девастирање и економско осиромашување. Да се престане со ударите и поразите околу идентитетско и политичко обезличување како и да се реализираат стратешките интереси на државата преку запазување на идентитските линии важни за македонскиот народ, информираат.

Коалицискиот договор за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседстелски избори ќе биде потпишан во текот на наредните денови, со што ќе продолжи успешната соработка, започната од предходините локални избори, а јавноста ќе биде во целост информирана, се додава во информцијата.