
За 1500 денари се зголеми потрошувачката кошница на граѓаните само за месец март и со тоа истата изнесува 59.000 денари.
За да се прехрани едно четиричлено семејство потребни им се најмалку три минимални плати.
Никогаш не се живееле полошо како сега со владата на СДС и ДУИ.
Димитар Ковачевски со апанажа од 2500 евра не чувствува глад, но наши 600.000 сограѓани дневно живеат со по 150 денари.
Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобствата на функциите, го уништија животниот стандард на граѓаните.
Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата.
СДС и ДУИ за 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа потребни се промени.
Важно е да ги поразиме.
Време е за промени!, стои во соопштението на партијата.