
Втора година по ред Казахстанката Елена Рибакина се пласираше во финалето на ВТА 1000 турнирот во Мајами, откако во полуфиналето ја совлада Белорусинката Викторија Азаренка со 6:4, 0:6, 7:6.
Со оваа победа, Рибакина стана само третата тенисерка во последните десет години која стасала до финалето на Мајами последователно, придружувајќи им се на Серена Вилијамс и Ешли Барти.
Минатата година загуби од Чехинката Петра Квитова, а годинава ќе игра против Русинката Екатерина Александрова или Американката Даниеле Колинс
За 24-годишната Казахстанкс тоа ќе биде четврто финале годинава, а 18-то во кариерата во која досега има освоено седум турнири.
Рибакина поведе со 1-0 во сетови, а седмиот гем се покажа како клучен во кој 24-годишната Казахстанка направи брејк. Десет години постарата Белорусинка одговори со фантастична игра во вториот сет, во кој направи три брејка и изрмани со чисти 6-0.
Во решавачкиот трет сет Рибакина направи брејк за 3-2, но Азаренка израмни на 5-5. На крајот пресуди „тај-брејкот“ кој четвртата тенисерка во светот го доби со 7-2.
Тоа беше нивна четврта средба и четврта победа на Казахстанката.