
Во петокот во СВР Тетово З.И. (45) од Тетово пријавил дека на улицата Бане Стефановски во градот, куче-скитник го каснало неговиот син.
Мајката на детето на Фејсбук напиша дека нејзиниот син играл пред детска градинка при што го нападнале шест улични кучиња, а едно го каснало.
Таа ја повика општината Тетово да се грижи повеќе за безбедноста на граѓаните.
Тетовци преку медумите се жалеа за големиот број опасни, бездомни кучиња. Претходните години во јавноста се појави снимка како глутница кучиња напаѓа човек на улица во Тетово ноќе, по што притрчаа граѓани и му помогнаа.