
Новата седмите во Македонија ќе започне со сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринсите температури се движат од 5 до 12, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 21 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, со температура до 28 степени. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.