
Сестрата на шефот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханије, е уапсена под сомнение дека имала контакт со оперативци од терористичката група и поддржувала терористички акти, објавија израелските медиуми.
Во полициското соопштение се наведува дека станува збор за 57-годишната Зебах Абдел Салем Ханије и дека при упадот во куќата на осомничената биле пронајдени документи, телефони и други докази кои ја поврзуваат со „сериозни нарушувања на безбедноста“.
Таа е израелска државјанка и живее во Тел Шева.