
Во судир на два товарни возила тешко повреден едниот возач.
На 01.04.2024 во 11:27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани во болницата во Кочани.