
Големо мнозинство од граѓаните во изборните единици 2 и 6 сметаат дека треба да се промени власта. Ова го покажува мартовската анкета на ИПИС презентирана во емисијата Објектив на МРТ.
Во втората изборна единица 2 на прашањето “дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт?„ , 62,9% одговориле дека треба да се промени, 21,2% рекле дека треба да остане, а 15,9% не знаеле или немале одговор.
Во ИЕ6 слично како и во втората изборна единица големо мнозинство не и даваат доверба на актуелната власт, па така 54,1% испитаници рекле дека треба да се промени, 26,2% одговориле дека треба да остане, а 19,7% не знаеле или немале одговор.
