
Велигденските пости се симбол на очистување на умот, срцето, душата и телото и нè подготвуваат за Христовото воскресение. Со чиста мисла да го дочекаме Велигден, празник кој ги слави животот и љубовта, симбол на вистината и победата на доброто во секој човек, напиша на Фејсбук професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Синоќа, со масовен митинг во Скопје, Силјановска Давкова заедно со ВМРО-ДПМЕ, ја започнаа кампањата за претседателските избори. Под слоганот „Македонија повторно горда“ таа нагласи дека како претседател ќе се однесува натпартиски, со градење сојузи и консензус.