
Замислете иднина во кое секое дете има пристап до квалитетно образование, каде секој млад ум се негува. Таа иднина е на дофат под визионерското раководство на професорката Гордана Силјановска Давкова која постојано го поддржува образованието и науката, рече Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за пратеник во ИЕ1.
Во своето видео обраќање таа рече: „Под наше водство, во рамки на „Платформа 1198“ ќе создадеме револуционерни иницијативи. Конечно, учебник за секое дете и настава во една смена за сите. Заедно можеме да создадеме посветла иднина за нашите деца. За Македонија повторно горда“.