
Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска претпладне во главниот град ќе се одржи 12-то издание на „Авицена женска трка“.
Стартот на трката е во 10 часот од бул. „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“, а учесничките ќе трчаат три километри. Пред почетокот, во 9:40 часот, предвидено е загревање со аеробик вежби.
Поради одржување на трката, од 9 до 11 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“.