
Денес во Битола го обележавме меѓународниот ден на Ромите. Ромите се рамноправни граѓани во Република Македонија и рамноправно ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик, да ја развиваат својата култура и традиција и активно да партиципираат преку своите претставници во политичкиот живот, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и носител во Изборната единица 5.