
Денеска сме тука во Старо Нагоричане заедно со техничкиот заменик министер во земјоделие Цветан Трипуновски нашиот пријател од ВМРО-ДПМНЕ со нашите коалициони партнери, бедеми во коалицијата, сите заеднички и сложно да идеме од врата на врата да посетиме граѓани да разговараме со земјоделци и да ја претставиме нашата програма за следните парламентарни избори, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.
„Најважно од сѐ за овие претседателски избори да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат, да имаме една прекрасна кандидатка Гордана Силјановска Давкова и сакам тука од Старо Нагоричане да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат поддршката за Гордана Силјановска Давкова. Сложно обединето, сите заеднички од тука порачуваме, голема победа, големи промени и Македонија да ја направиме повторно горда сите заеднички, сплотени како што сме тука заедно.
Очекувам граѓаните да ни се приклучат и да направиме историја, најголема победа бидејќи народот заслужува подобра иднина“.