
На синоќешниот митинг во Кочани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека Стево Пендаровски во изминатите 5 години бил само една обична вазна, споредувајќи со тоа што неговиот претходник Ѓорѓе Иванов го нарекуваа – фикус.
– Пендаровски се плаши. Поранешниот претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го нарекуваа фикус. Јас за Пендаровски не би можел да кажам дека е фикус, затоа што тоа би било комплимент. Можам да кажам дека беше само една обична вазна во изминатите 5 години која стоеше на витрина – рече Мицкоски.