
Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 24 дронови, главно насочени кон критичните инфраструктурни локации на југот и на истокот на земјата, соопштија украинските воени воздухопловни сили.
Украинските ВВС уништија 17 од иранските дронови Шахед кои Русија ги користеше во нападот над регионите Одеса, Николаев, Кировоград, Хмељницки и Житомир, соопшти украинската армија на Телеграм.
Над реонот на Дњепропетровск е уништен руска наведувана ракета воздух-земја Кх-59.
Четири дронови се уништени над регионот Одеса, изјави регионалниот гувернер Олег Кипер.
„Оштетен е логистички и транспортен објект … Бензинска пумпа исто така е оштетена од остатоци од соборен дрон Шахед“, информира Кипер.
– Во нападот нема жртви, додаде тој.
Извештаите не можат независно да бидат проверени.