
Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска повика на брзо расчистување на причините за пожарот во Универзална сала. Непосредно по пожарот рече дека нема жртви и нема повредени бидејќи објектот бил празен.
Вознемирена сум од она што го гледам, кај 9 часот бев информирана, сега е пожарот локализиран, повикувам на брзо постапување на сите институции, брзо расчистување на причините, нема жртви нема повредени, салата беше празна… Со сите ќе се утврди причина за штетата, но објектот е осигуран и ќе се санира од тие средства и ќе се продолжи со градба изјави Костадиновска Стојчевска.
Таа најави дека нема да се продолжи со работа додека не се расчистат причините за пожарот.