
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, беше на вечерна прошетка и разговори со случајни минувачи во Ѓорче Петров.
„Јасен е ставот кај моите сограѓани, ѓорчепетровци се одлучни и веруваат во промените кои носат враќање на надежта и среќата кај сите луѓе, како и враќање на гордоста и достоинството на Македонија. Глас за Гордана Силјановска Давкова е глас за Македонија“ – порача тој.