Голема акција на МВР – Се претресуваат ќелиите во затворот во Идризово

Стотина специјалци утрово влегоа во Казнено поправната установа Идризово во Скопје каде што вршат претреси.

Според информациите, инспектори и припадници на специјалните единици пребаруваат низ повеќе крила од затворот со цел да се пронајдат и одземат недозволени предмети.

Акцијата била планирана неколку денови, а доаѓа после големиот муслимански празник Бајрам, за кога имало процени дека состојбата може да ескалира.

Претресот се случува по добиени информации дека е можен судир помеѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во затворот.

„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“, соопштија од ОЈО Скопје.

Засега нема официјални информации од МВР.