Љубомир Михајловски-Џанго во „Каде се парите?“: Ако не платат должниците, ќе платат граѓаните

Измените во Законот за облигациони односи не го подобрија правниот систем, туку го нарушија правниот поредок во државата. Им се дава право на неплаќачите, а на крај сиот товар ќе падне на граѓаните, кои ќе мора да платат и за тие на кои со законски утврденото застарување од десет години, всушност им се отпишуваат долговите. Состојбата е хаотична, вели претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски – Џанго, во поткастот „Каде се парите?“ и предупредува дека тоа лошо ќе се одрази врз странските инвеститори. Поради сето тоа, до Уставниот суд адвокатите поднесоа иницијатива за укинување на измените во законите за облигација и извршување.