
Владејачката хунта во Мали им забрани на медиумите да известуваат за „активностите на политичките партии и здруженија“, еден ден откако ги забрани сите политички активности во земјата.
Властите на Мали доцна синоќа издадоа наредба за забрана за известување на сите медиуми, телевизија, радио, печатени и онлајн весници.
Во соопштението не се прецизира дали на новинарите ќе им биде дозволено да известуваат за теми како економијата, кои се тесно поврзани со политиката.