Иран започна воздушен напад против Израел

Иран го започна планираниот напад врз Израел доцна во саботата со десетици беспилотни летала и крстосувачки ракети лансирани од Иран. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) потврди дека беспилотните летала се лансирани и рече дека ќе им требаат часови за да стигнат до целта.

Иранската телевизија соопшти дека нападот започнал. Претходно, врховниот водач Али Хамене го објави својот говор на X, во кој му се заканува на Израел со зборовите: „Злобниот режим ќе биде казнет“.

„Иран започна воздушен напад против Израел кој најверојатно ќе се одвива во текот на неколку часа, соопшти и Белата куќа во саботата.

Претседателот Џо Бајден е во постојана комуникација со израелските власти, како и со партнерите и сојузниците на САД, се вели во соопштението на портпаролот на Советот за национална безбедност, Адриен Вотсон.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телевизиско обраќање рече дека Израел ќе одговори на секој напад.

„Израел е подготвен за секој можен директен напад од Иран. ПВО е распоредена и ние сме подготвени за секое сценарио“, рече Нетанјаху.

„Ги цениме САД кои стојат покрај нас и поддршката на Британија, Франција и многу други земји. Ќе му возвратиме на секој што сака да ми наштети. Ги повикувам сите Израелци да се придржувате до упатствата од Командата на Домашниот фронт“.
ИДФ се подготвени и е во координација со американските сили.

Целосниот кабинет доби инструкции да се состане во воениот штаб во Тел Авив. Израелските власти велат дека целите на Иран најверојатно би биле воени, а не цивилни цели.

Јордан објави дека го затвора својот воздушен простор од сабота навечер на најмалку еден ден.

Израел наводно почнал да пресретнува ирански беспилотни летала над Јордан и Сирија
пренесе Канал 12, без да наведува никакви извори.

Во меѓувреме, иранскиот министер за одбрана издаде изјава во која ги предупреди соседните земји дека секоја од нив што ќе го отвори својот воздушен простор за Израел со цел да ги пресретне беспилотните летала ќе биде цел.

Ирак објави дека го затвора својот воздушен простор и го прекинува целиот воздушен сообраќај откако Иран изврши напад со беспилотни летала врз Израел.

„Воздушниот простор на Ирак е затворен и воздушниот сообраќај е запрен“, изјави министерот за транспорт Разак ал-Садави за државната новинска агенција ИНА.

Според соопштението на иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објавено на нивниот канал Телеграм, беспилотните летала се очекува да стигнат до Израел во рок од шест часа. Според објавата, проектилот истрелан од Исламската Република би траел околу пет минути.

Таа изјава, сепак, ја оспоруваат израелски извори, кои велат дека Израелците ќе имаат 12-минутно предупредување доколку Иран лансира балистичка ракета кон Израел и дека може да бидат потребни меѓу шест до девет часа за беспилотните летала да стигнат до израелска територија.

Еве како изгледа времето на пристигнување:

Хиперсоничен крстосувачки проектил – 10 минути
Крстосувачки проектил – < 1 час
Балистичка ракета – 4 часа
Самоубиствен дрон/UAV – 6-9+ часа

За да стигнат до Израел, тие мора прво да поминат најмалку четири одделни одбранбени системи, почнувајќи од воени бродови, системи Патриот стационирани во Саудиска Арабија, Јордан и американски бази на Блискиот Исток, израелски одбранбени системи и израелски борбени авиони.