
Во Македонија во вторникот претпладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од 4 до 10, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 15 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 25 степени.