
Владата вчера во рамки на 16. седница донесе одлука 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови заради непречено спроведување на изборите за претседател и за пратеници.
Како што се наведува во соопштението од седницата на Владата, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.
Оваа владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Македонија.