
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишниот К.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
Имено, на 14-ти април годинава тој на магистралниот пат Охрид – Кичево, со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка“ во Охрид предизвикал сообраќајна незгода, информира МВР.