
Вчера во Гостивар се одржа средба на општинската и централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
На истата присуствуваше и претседателката на ЦКОН проф. д-р Весна Јаневска и пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
-Образованието, како темел на општеството, со актуелната власт, стаса до маргините на опстанок, велат просветните работници од Гостивар.

Професорката Јаневска пред нив ја промовираше кандидатката за претседател проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и говореше за сета штета која оваа власт му го нанесе на образованието.
Дафина Стојаноска им порача дека сето ова има шанса да се измени, а првата е на 24-ти април, кога токму овие луѓе треба да ја поддржат една од најугледните универзитетски професорки во Македонија и надвор.