
Во петокот, 19-ти април, напладне во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода двајцата 34-годишници со исти иницијали Д.С., и двајцата од Свети Николе.
Приведувањето следело откако при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.