
Фудбалерите на Арсенал повторно се водечката екипа во англискиот шампионат откако во натпреварот од 34.коло гостите го победија Вулверхемптон Вондерерс со 2:0 (1:0).
„Топчиите“ поведоа со среќнио-смешниот гол на Тросард во 45 минута, на самиот крај од првото полувреме, кога Белгиецот лошо ја зафати топката, а таа заврши во горниот лев агол од домашниот гол, пред капитенот Едегард во петтата минута од судиското продолжение на натпреварот да ја потврди победата .
Лидерот Арсенал сега има 74 бодови, еден бод повеќе со натпревар повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и три повеќе од третопласираниот Ливерпул. Вулверхемптон е 11-ти со 43 бода.