
На сите досега реализирани средби со граѓаните во Изборна единица 6 наидов на одличен прием, бидејќи веруваат во она кое што ВМРО-ДПМНЕ го ветува и го има во нашата програма, изјави денеска Дафина Стојаноска, носител на ИзборнаТА единица 6.
-Додека на ветувањата кои се лажни како и обвинувањата на спротивниот табор ниту веруваат, ниту сакаат да ги слушаат.
Време е македонскиот народ да се обедини и на 24 април да го заокружи бројот 2 затоа што со горда Македонија, сите граѓани на Република Македонија ќе станат горди. Време е да им го вратиме достоинството и да ја вратиме држава во нивни раце.
Македонија повторно ќе биде своја, Македонија повторно ќе биде горда, порача Стојаноска.