
Со обраќање на албански јазик владејачката СДСМ во неделата од Скопје побараа масовна поддршка за нивната партија на претстојните претседателски и парламентарни избори. Агрон Демири од Изборната единица 6 на албански јазик се обрати пред социјалдемократите, кои не успеаја да го исполнат просторт во центарот на градот, го пречекаа со овации.

„Големиот граѓански централен митинг во Скопје“ на СДСМ кој беше со слаб одзив кај граѓаните. И покрај големото спремање, помпезните најави, многуте автобуси на крајот митингот предводен од партискиот лидер Димитар Ковачевски и претседателот на заминување Стево Пендаровски доживеа дебакл.
Но, она што е несфатливо за македонскиот електорат е како на овој митинг имаше обраќања на албански јазик, па ни помалку ни повеќе за истото немаше превод. Дополнително, ваквиот говор на албански јазик од коносителот на изборната единица број 6, Агрон Демири наиде на овации кај присутните.
Ваквото обраќање уште веднаш наиде на вниманиет на корисниците на социјалните мрежи кои пишуваат дека „присутните слушаат зборови кои не ги разбираат“.
Замисли за плата од 20.000 денари си приморан да киснеш на дождот и да слушаш зборови од некој тетовски глупак кои воопшто не ги разбираш.
— Tochka X (@tochkaiks) April 21, 2024
Умре приказната за едно општество за сите. Касно ви е. pic.twitter.com/DJNSi3D9ak