
Глобалните воени трошоци пораснале во 2023 година за седум отсто на 2,43 трилиони долари, што е најголем годишен пораст од 2009 година, објави во понеделникот шведски тинк-тенк.
Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (SIPRI) објави дека САД, Кина и Русија биле најголемите воени потрошувачи во 2023 година.
Вкупната потрошувачка на земјите-членки на НАТО изнесувала 55 отсто од светската потрошувачка. Во SIPRI велат дека странските расходи ги зголемиле повеќето европски членки на алијансата. САД го зголемиле за два отсто на 916 милијарди долари, што претставува околу две третини од вкупните воени трошоци на НАТО.
Според SIPRI, руските воени трошоци се зголемиле за 24 отсто на околу 109 милијарди долари. Украина ги зголеми трошоците за 51 отсто на 65 милијарди долари и добила најмалку 35 милијарди долари воена помош од други земји.
„Комбинирани, таа помош и сопствените воени трошоци на Украина беа еквивалентни на околу 91 отсто од руските трошоци“, велат од тинк-тенкот.
Истражувачот на SIPRI, Лоренцо Скарацато, вели дека за европските членки на НАТО, последните две години од војната во Украина фундаментално ја промениле безбедносната перспектива.
„Оваа промена во перцепциите за заканите се рефлектира во зголемувањето на уделот на бруто домашниот производ (БДП) за воени трошоци, при што целта на НАТО од два процента сѐ повеќе се гледа како основна вредност, а не како праг што треба да се достигне“, вели Скарацато.