
Над 3.100 странски платеници се борат за Украина во војната со Русија, а повеќето од нив доаѓаат од САД и Канада, се вели во соопштението на прес-службата на Рускиот истражен комитет во четвртокот.
„Имаме информации за вкупен број од над 3.100 странски платеници кои учествуваат во борбени активности на украинска страна, а повеќето од нив доаѓаат од САД, Канада, Велика Британија и Грузија“, се вели во соопштението.