
Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
-Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.
Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.
Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда, додава Стојаноска.