
Голем пожар избувна во кат од куќа, во близина на Универзалната сала, на улицата „Костурски херои“ со „Борка Талевски“, во центарот на Скопје.
На терен е пристигнато едно возило на противпожарните служби, кое едвај се пробило до опожарениот стан, низ тесните улици во опкружувањето кои веќе подолг период се претворени во градилишта и се голема безбедносна пречка при вакви и слични ситуации и го отежнуваат навремениот пристап.

Од МВР информираа дека пожарот и пријавен во 11:42 часот, а досега немаат дојава за повредени лица.