
Екстремно воинстевениот израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир е полесно повреден во сообраќајна несреќа во петокот вечерта, откако наводно поминал на црвено светло.
Три лица се повредени и хоспитализирани во несреќата во градот Рамле во близина на Тел Авив, соопшти полицијата најавувајќи истрага за инцидентот.

Израелските медиуми објавија снимка од камера од возило кое не учествувало во несреќата, а наводно се гледа како два автомобила се судираат на раскрсницата. Дополнителни снимки покажуваат дека автомобилот на Бен-Гвир се превртел на патот.
Весникот Haaretz објави дека покрај министерот, во болница се пренесени и неговата ќерка, припадник на неговото обезбедување и возачот на друг автомобил.
Министерот е во добра состојба, пишува The Times of Israel, повикувајќи се на неговиот кабинет.
Бен-Гвир, наводно, се враќал од местото на сомнителниот напад со нож во Рамле. Во инцидентот тешко е повредена 18-годишна девојка, а полицијата соопшти дека осомничениот сторител е „неутрализиран“, не наведувајќи повеќе детали.

Денешната сообраќајна несреќа не е првата во која учествува Бен-Гвир по преземањето на функцијата. Весникот The Times of Israel објави дека тој имал уште една несреќа минатото лето откако неговиот возач поминал на црвено светло.
Бен-Гвир е контроверзен член на воениот кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.Неодамна повика на сеопфатен израелски воен одговор на против Иран по иранскиот ракетен и напад со беспилотни летала врз Израел, кој уследи како одмазда на Техеран на израелскиот удар во кој загинаа високи ирански воени лица во иранската амбасада во Сирија.