
Фудбалерите на Лестер Сити се враќаат во англиската Премиер лига по поразот на ннивниот ривал Лидс Јунајтед во Лондон кај Квинс Парк Ренџерс (0:4).
Со 94 бода и уште два меча до крајот, Лестер води во Втората лига, а Лидс со 90 бодови и еден натпревар до крајот повеќе не може да го стаса. На Лидс загрозено му е и второто место, кое исто така гарантира директен влез во Премиер лигата, бидејќи му се заканува третопласираниот Ипсвич, кој има 89 бодови и натпревар помалку.
Минатата сезона Лестер испадна од елитната дивизија, а во 2016 година сензационално стана шампион на Англија.