
Хепенинг „Спорт, семејство“ денеска се одржа во Бутел. Присутните се дружеа на настанот исполнет со забава, музика и спорт.
Присуствуваше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица Владо Мисајловски заедно со семејството.
-Спортот ги обединува сите генерации. Да се радуваме на сите успеси и победи како на спортски план така и за победите на Македонија! Сплотени заедно да победуваме за Македонија! Промените во твои раце, на 8 мај победува Македонија, порача Мисајловски.