Српски рапер убиен во Германија, осомничен за убиството е Албанецот Лапи

Српскиот рапер Александар М.(38) е убиен вчера рано наутро пред бар во Дизелдорф, Германија.

Албанецот Рустем Лапи (52) е уапсен под сомнение дека го испукал смртоносниот истрел во него.

Како што може да се види на неговиот профил на Инстаграм кој го следат околу 1.800 фанови, тој се занимавал со музика, а пред две години го објавил својот сингл.