
Во нападот на 36-годишен маж со мачета во вторникот во североисточен Лондон убиено е 13-годишно момче, а четири други лица се повредени. Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.
Полицајците уапсија маж вооружен со мачета по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон и одговорија на повиците дека автомобил удрил во куќа во близина на метро станицата Хино. Со пиштол за шокирање го совладале 36-годишникот кој размавтувал со мачета.

„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако беше избодено“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.
Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.
„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.
