
Шкендија е најголем добитник во 30. коло на Прва македонска фудбалска лига. Тетовци ги искористија денешните киксови на Струга ТЛ и на Шкупи и се искачија на првата позиција на три кола пред крајот на домашното првенство.
Значајни бодови во борбата за опстанок освоија Вардар и Воска со гостински победи над директните ривали во долниот дел на табелата.
Резултати на денешните натпревари од 30.коло во ПМФЛ:
Брегалница – Вардар 0:3
Гостивар – Шкупи 2:0
Македонија ЃП – Воска Спорт 0.2
Шкендија – АП Брера 3:2
Силекс – Работнички 0:1
Тиквеш – Струга Трим Лум 3:2.